Еден час пауза во Собранието на Република Северна Македонија на Елизабета Канческа Милеска која е координатор на 8-те пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
На 89-та седница на Собранието, единствена точка на дневен ред е одобрувањето на притвор за пратеникот Трајко Вељаноски.
На почетокот од седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески побара да се повлече точката од дневен ред, бидејќи комисијата по два дена расправа не му го одзела имунитетот на Вељаноски. Тој додаде дека според извештајот комисијата не донела одлука. Исто така запраша која е целта на постоењето на комисијата, доколку одлуката не се почитува.
29 пратеници се пријавени се за дискусија, но одлуката треба да се донесе до полноќ, кога треба да се премине на гласање дали ќе му се одземе имунитетот на поранешниот спикер и актуелен пратеник Трајко Вељаноски.