„Лидерство засновано на вредности – од принципи до реализација” е темата на панел дискусијата, што денеска ќе се одржи во Скопје, по повод одбележувањето на 15 години од смртта на претседателот Борис Трајковски.
На панел дискусијата, која ќе ја предводи шефот на дипломатијата Никола Димитров ќе присустуваат истакнати политичари, односно поранешни претседатели на држави и влади, кои претходно соработувале со Трајковски. Меѓу нив се поранешните претседатели на Албанија, Хрватска, Романија, Украина, Алфред Мојсиу, Стјепан Месиќ, Емил Константинеску, Леонид Кучма, како и поранешните претседатели на Бугарија, Георги Прфванов и Петар Сојанов и други политичари од регионот и светот.
Поранешниот претседател Борис Трајковски, заедно со осумчлена делегација од неговиот кабинет и членови на екипажот на владиниот авион, со кој патуваа на Меѓународна конференција во Мостар, ги загубија животите во авионска несреќа на 26 февруари 2004 година.