Рускиот амбасадор во Шведска е повикан во шведското Министерство за надворешни работи за да објасни зошто руски борбен авион минатата недела летал на 20 метри од шведски авион, пренесува „Локал“ цитирајќи го шведскиот јавен радиотелевизиски сервис СВТ.
Портпаролката на прес-службата на шведското МНР, Дијана Кудаиб, изјави за СВТ дека рускиот амбасадор ќе се состане денеска со шефот за европска безбедност во министерството.
„Министерството за надворешни работи смета дека овој инцидент е сериозен. Рускиот авион делуваше на несоодветен и непрофесионален начин на начин што ја загрози безбедноста на летот “, изјави Кудиаб.
Инцидентот се случи минатиот вторник, кога шведски авион за надзор беше на рутинска мисија над Балтичкото Море. Шведскиот авион бил во меѓународниот воздушен простор меѓу Готланд и Балтикот, кога руски борбен авион СУ-27 полета од Калининград и му се приближи на шведскиот авион.
Според полковникот Андерс Персон, рускиот пилот се однесувал агресивно.
„Прво прелета пред мене, па се врати и се позиционираа многу, многу блиску – поблиску од вообичаеното”, изјави тој за новинската агенција ТТ.
Персон посочи дека рускиот СУ-27 во еден момент бил на 20 метри од неговиот авион. Тој рече дека “нападното однесување” најверојатно е сигнал од Русија дека не верува оти шведскиот авион требало да биде на местото на кое што бил. Шведските вооружени сили го пријавија инцидентот до владата, а сега шведското МНР побара одговори.
„Ова се случи над меѓународните води и шведскиот авион беше целосно во рамките на своето право да лета во областа”, рече Кудаиб.
Шведскиот министер за одбрана, Питер Хултквист, го нарече инцидентот неприфатлив.
„Ова беше многу непотребно, провокативно и многу опасно”, изјави тој за СВТ.