Ирачките безбедносни агенции велат дека СДФ му ги предале на Багдад заробените ирачки милитанти на ИД

Aрапско-курдските единици на Сириските демократски сили (СДФ) им предале нови 130 милитанти на Исламската држава (ИД), заробени во Арапска република, на ирачките безбедносни агенции, со што вкупниот број сега достигнува 280, пренесува „Спутник“.

Во четвртокот, ирачките власти објавија дека арапско-курдските единици на СДФ предале околу 150 барани милитанти на ИД.

Во борбата против ИД, СДФ уапси голем број милитанти во Сирија кои имаат државјанство на разни земји, вклучително и повеќе од 500 Ирачани. Во моментов, 280 милитанти му се предадени на ирачкото Министерство за внатрешни работи. За да ги спречи да се најдат на слобода, СДФ презеде итни мерки за да ги предаде терористите на ирачките безбедносни агенции за да можат да се преземат законски мерки против нив”, се вели во соопштението.

Според ирачките безбедносни агенции, втората група терористи била пренесена во Ирак во неделата, додека останатите милитанти со ирачко потекло се очекува да бидат предадени подоцна. Имињата на милитантите се проверуваат во базите на податоци на Министерството за внатрешни работи, а нивните случаи се упатуваат на суд за кривични постапки.

Претходно во февруари СДФ, поддржани од САД, го објави почетокот на операцијата за ослободување на селото Бахуз, кое се наоѓа на границата со Ирак и останува, според милициите, последната населба што ИД ја држи под контрола во регионот.

Единиците на СДФ се борат против остатоците од ИД неколку месеци, со поддршка на воздухопловството на меѓународната коалиција предводена од САД.

Треба да знаете
Последни објави