Арапската лига ги обвини Иран и Турција за мешање во конфликтите на Блискиот Исток

Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Гејт, во неделата ги обвини Турција и Иран дека се мешаат во конфликтите во Либија, Сирија и Јемен, пренесува „Спутник“.

Ние [заедно со Европската Унија] изразивме загриженост во врска со тековните воени конфликти во Јемен, Либија и Сирија, како и странското мешање во нив, и од Иран и од Турција”, рече Гејт на маргините на првиор самит Арапска лига-ЕУ во Шарм ел Шеик.

Тој истакна дека не постои воено решение за конфликтите во Јемен, Либија и Сирија, и укажа на потребата за зачувување на територијалниот интегритет на овие држави.

Самитот ЕУ-Арапска лига почна во недела и ќе заврши денес. На него присуствуваат речиси 50 земји, и речиси сите се претставувани на највисоко ниво. Агендата на самитот ги вклучува мултилатералноста, трговијата и инвестициите, миграцијата, безбедноста и состојбата во регионот.

Меѓутоа, подготвителниот министерски состанок во Брисел на 4 февруари не резултираше со заедничка декларација, наводно поради недостиг од консензус за одредени прашања и тековните конфликти во Блискиот Исток.

Треба да знаете
Последни објави