СДСМ: Откупени 90 отсто од тутунот

Откупени се 90 отсто од производениот тутун со просечна цена од 214 денари за килограм, јави СДСМ.

Владејачката партија преку соопштение порача дека Владата и надлежното министерство, продолжуваат со грижата за земјоделците и обезбедување загарантиран откуп на производството.

„Како што информира министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, откупени се 90 отсто од договорените количини тутун од реколтата 2018. Просечната цена изнесува 214,36 денари за предаден килограм, а од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари“, истакна СДСМ.

Покрај тоа, како што соопшти партијата, и за оваа реколта на тутун обезбедени се субвенции од 60, 70 и 80 денари по килограм во зависност од класата на тутунот.

Треба да знаете
Последни објави