Преку германски искуства до побрз економски развој

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, се сретна со амбаса дорот на СР Германија, Н.Е. Томас Герберих и со Валтер Дефа, специјалниот советник номиниран од Владата на СР Германија, кој како искусен професионалец се очекува да даде поддршка на Владата во спроведување на економските политики.

Анѓушев и Дефа разговараа за стратешките приоритети на Владата за развојот на економијата на Република Северна Македонија и како да се обезбедат клучните предуслови за побрз и одржлив економски раст и развој. Клучните постулати во оваа насока се владеење на правото, реализацијата на инфраструктурните проекти за подобро поврзување со соседите, со тоа и зголемување на регионалната економска соработка, но и реформи во образовниот систем, со кои ќе се задоволат потребите на пазарот на трудот во земјата.

На денешната нивна прва средба, Вицепремиерот истакна дека споделувањето на искуствата за европските фондови, ќе биде од особено значење и ќе придонесе за искористување на овие фондови за побрз економски развој и подобрување на животниот стандард и квалитетот на животот на граѓаните на Република Северна Македонија.

Валтер Дефа е долгогодишен претставник на СР Германија во Европската Комисијата, каде извршувал повеќе должности. Помеѓу другото бил и директор на Генералниот директорат за регионална политика, а го предводел и Генералниот директорат за даноци и царини на Европската Комисија.

Треба да знаете
Последни објави