Конечно е решена мистеријата околу повредите на Робен?

Фудбалерот на Баерн Минхен, Арјен Робен во последните неколку месеци имаше многоу големи проблеми со повредите.

35-годишниот Холанѓанец последен пат настапи на 27-ми ноември минатата година и многумина сметаа дека поради повредите, тој наскоро ќе стави крај на својата кариера. Докторите не успеваа да откријат што се случува со него, а и самиот Робен не ја криеше својата фрустрација.

„Фрустриран сум. Пробавме апсолутно се, но ништо не успева. Докторите не знаат што ми е. Навистина ми е тешко затоа што два пати се обидував да се приклучам на екипата, но болките беа пресилни“, изјави Робен.

Германски медиум сега пак тврди дека таинствената повреда на Робен конечно е решена. Се покажало дека инфекција на заб ги предизвикала проблемите кај целото тело на фудбалерите. Минатата среда бил извршен зафат со кој што бил решен проблемот и сега се очекува Робен за брзо време да се опорави.

Треба да знаете
Последни објави