(Видео) Невин одлежал 39 години во затвор, сега ќе добие 21 милион долари

Градот Сими Валеј во Калифорнија, ќе му исплати 21 милион долари на 71-годишен човек кој речиси четири децении бил незаконски затворен, поради наводно убиство на маж и четири годишно дете во 1978 година, објави Си-ен-ен.

Не постојат пари кои би можеле да му надоместат тоа што му се случило на Крег Кули, но спогодбата во овој случај е исправна, бидејќи се работи за него и за нашата заедница“ се наведува во соопштението.

Многу често погрешно осудени лица, мораат да се впуштат во долготрајни правни битки, за да се изборат за надомест за времето поминато во затвор, бидејќи локалните власти вообичаено ги обвинуваат своите претходници. Во овој случај полицијата го отворила неговиот случај и добила поддршка од јавниот обвинител на округот, Вентура Грегори Тотен.

Пред неколку месеци Кули поднел федерална тужба за граѓански права, по што сега градот му исплаќа дополнителни милиони долари. Градот ќе плати 4,9 милиони долари, додека остатокот доаѓа од осигурувањето и други избори.

Истражителите во приватна лабораторија пронашле биолошки примероци, за кои првостепениот суд побарал уништување во 1980 година, по изрекувањето на пресудата на Кули.

„Клучниот доказ, на кој била темелена пресудата, воопшто не содржи негова ДНК, туку на други лица“ стои во соопштението. На тој начин тој бил прогласен за невин и ослободен.

Треба да знаете
Последни објави