Столтенберг: Ниту еден конфликт не е замислив без кибер-напад

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг оцени дека веќе ниту еден конфликт не е замислив без кибер напади.

Столтенберг во интревју за „Функе” нагласи дека постои голема опасност кибер нападите да бидат дел во идните воени конфликти.

– Заканата постои, на пример, за критичната инфраструктура, снабдувањето со енергија, финансискиот сектор, болниците и демократскиѕе институции, објасни тој.

Според Столтенберг, кибер нападите можат да предизвикаат многу штета и човечки жретви, како и другите напади.

– Поради тоа, во иднина нема да може да биде замислив конфликт без кибер димензија, смета генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг истакна дека ако една или повеќе членки на НАТО бидат цел на кибер напади, тогаш сите други сојузници ќе мораат да им пружат поддршка.

Германија пред една недела соопшти дека НАТО во иднина ќе ги стави во функција капацитетите за кибер војна и дека планира употреба и на кибер оружје.

Насочен кибер напад, како што укажуваат германски медиуми, би можело на пример да биде исклучување на интернет страница, која противниците ја користат за пропаганда.

Можно е и исклучување на комплетни компјутерски и мобилни мрежи, со цел да се попречи комуникацијата и снабдувањето со струја на воени инсталации или претпријатијата.

Како пример за успешна употреба на кибер оружје, НАТО ја наведува борбата на САД против џихадистичката група Исламска држава (ИД), во текот на која редовно беа исклучувани мрежите за комуникација и компјутерските системи на борците на оваа терористичка организација.

Треба да знаете
Последни објави