ОЈО Гостивар: Притвор за тројца дилери на марихуана

Надлежен јавен обвинител од ОЈО Гостивар донесе наредби за спроведување на истражна постапка во три одделни предмети оформени против лица кој кои при извршен претрес е најдена дрога – марихуана, информираат од ОЈО.
Лицата се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, псхотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Кај еден од осомничените е пронајдена марихуана со тежина од 400 грама која ја криел во куќа на негов роднина. Осомничениот е државјанин на Република Србија, од каде преминал во нашата држава и од 2013 година тука илегално престојува. За осомничениот српските органи имаат распишано меѓународна потерница за сторени други кривични дела.

Кај вториот оосмничен, жител на Гостивар, се пронајдени 10 грама марихуана.

Во третиот предмет, осомничениот кој е жител на кичевско село, во својот дом криел 29 грама марихуана и 39 семки растителна материја од непознато потекло. Јавниот обвинител донесе Наредба за вештачење на пронајдениот материјал.

ОЈО Гостивар до судија на претходна постапка за сите тројца осомничени побара изрекување на мерка притвор, ценејќи дека се исполнети основите. Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар ги прифати предлозите и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена

Треба да знаете
Последни објави