Џани Алемано, кој беше градоначалник на Рим од 2008 до 2013, осудене на шест години затвор за корупција во аферата „Мафиа капитале“ за инфилтрација на членови на мафијата во администрацијата на главниот град на Италија.
„Јас сум невин, секогаш го кажувам ова и ќе го повторам и пред Апелациониот суд. Сигурно со адвокатите ќе поднесеме жалба веднаш штом ќе го прочитаме образложението на пресудата“, рече Алемано.
Судењето е поврзано со аферата „Мафија капитале“ која во 2015 година ја потресе италијанската јавност. Истрагата откри голема мрежа на криминалци, претприемачи и политичари во која имало 46 лица, а се прошири и во римската градска власта.
Лидер на групата бил Масимо Карминати, поранешен активист на екстремната десница кој веќе е осуден за членство во криминална организација во 80-тите години.
Алемано е обвинет за примање 125.000 евра од Салваторе Бузи, десна рака на Карминати, и тоа 75.000 евра за митинзи, 40.000 за Фондацијата „Нова Италија“ и 10.000 евра во готово преку посредник, а за возврат тој, меѓу другото, требало да поставува блиски луѓе на Бузи на водечки позиции во јавни институции.