Личното богатство на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, се проценува на 13,9 милиони долари, објави „Форбс“.
Тој е на четврто место по богатство меѓу политичарите во Израел, а најголем дел од парите ги заработил како предавач и консултант на израелската технолошка компанија БАТМ по поразот на изборите во 1999 година.
Најбогат политичар во Израел е поранешниот градоначалник на Ерусалим, Ник Баркат, со богатство од 138 милиони долари. Тој се збогатил благодарение на инвестициите во компании за висока технологија, а особено во компанијата „Чек поинт софтвер технолоџис“.
По Баркат, на листата се наоѓа неговата снаа Алона Баркат со богатство од 130 милиони долари, а на трето место е Ехуд Барак, поранешен премиер и началник на Генералштабот со богатство од 33 милииони долари.