– Раководството на Челзи нема да наметне казна за Кепа Арисабалга за одбивањето на голамнот да биде заменет за време на финалето на Лига Купот против Манчестер Сити вчера.
Најскапиот голман во светот доби грчеви во последните минути од дополнителното време, а Сари одлучи да го замени со Кабаљеро. Кепа, сепак, одби да го напушти теренот, објаснувајќи дека е добар и може да го заврши мечот.
Сепак, менаџерот на Челзи инсистираше на тоа да се направи промена и Кабаљеро да брани во пенал серијата. Шпанскиот голман уште еднаш одби, што го налути Сари.
По натпреварот Манчестер Сити победи по ударите од 11 метри, а Сари и Кепа негираа дека имало скандал, откако споделија дека целиот инцидент се должи на недоразбирање.
„Евнинг Стандард” тврди дека раководството го прифатило ова објаснување и нема да го казни Кепа за неговата непослушност.
Денес, новинарите со голем интерес го очекуваа доаѓањето на Кепа на тренингот на Челзи, но на крајот тој успеа да ги избегне новинари и да влезе на теренот без да се соочи со нив.