– Дефанзивецот на Челзи, Давид Луис изрази поддршка за својот менаџер Маурицио Сари по чудниот инцидент со голманот Кепа Арисабалага за време на финалето за Лига Купот.
Манчестер Сити имаше потреба од пенали, за да триумфира над „сините”, но резултатот беше ставен во позадина на епизода, во која Сари се обиде да госмени голманот – по укажана на два пати медицинска помош – а Кепа одби да го напушти теренот. Ова го налути италијанскиот тактичар кој отиде во тунелите за да ги смири нервите.
Давид Луис, како и многу други од играчите на Челзи, ја изразија својата поддршка кон Сари, за кого неодамна се слушаат гласини дека ја испуштил од раце соблекувалната.
– Го обожавам начинот на кој тој сака да играме, како и тоа каков човек е тој. Ние сме зад него. За мене беше особено тешко што промашив пенал, кој можеше да му донесе трофеј, што ќе беше повеќе негов. Би сакал да му помогнев на Сари, изјави Бразилецот.
Тој додаде дека Италијанецот не ја изгубил контролата над тимот и дека ја има почитта на фудбалерите.
– Јас не гледам проблем во оваа ситуација. Сите ние веруваме во неговата филозофија, веруваме во начинот на кој сака да игра, додаде Луис.