Карим Бензема се претвори во лидер број еден во нападот на Реал Мадрид, а сега напаѓачот на „кралскиот клуб“ за првпат долови каква слобода добил на теренот по заминувањето на човекот кој до лани беше главна движечка сила во играта на европскиот шампион.
Францускиот напаѓач за првпат проговори за заминувањето на Роналдо од свој личен аспект, порачувајќи дека сега има поголема слобода на теренот и дека одговорноста како централен напаѓач паѓа на него. Бензема позитивно одговори на притисокот и се претвори во прв голгетер на Реал, па со свои зборови направи компарација за играта која ја практикувал додека во тимот беше Роналдо, и сега без него.
– Сега јас сум лидерот во нападот. Порано играв во функција на Роналдо, секогаш го барав него на теренот и главна цел ми беше да му помогнам да постигне што е можно повеќе погодоци. Јас бев во втор план. Сега од мене зависат многу работи во нападот и треба да докажам дека знам да постигнувам голови, – образложува Бензема за угледниот француски магазин.