Притвор за скопјанецот кој со нож прободе гостин во кафеана во Хиподром

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против Л.Ј.(64) за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело  убиство во обид.

 

-Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот на гостилница, без предупредување му пришол на оштетениот А.А.(39) од Скопје, извадил нож од џебот и замавнал. Притоа на оштетениот му нанел тешка телесна повреда  – влезно убодна рана во пределот на абдоменот, оштетувајќи му неколку органи. По ова, реагирале други лица кои седеле на масата со оштетениот и осомничениот се оддалечил од местото, велат од ОЈО.

Со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети сите законски основи, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Треба да знаете
Последни објави