(Видео) Стоилковски: Оставката на директорот на затворот во Шутка е само глума

Одговорност за обидот за линч на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски мора да има. И кривична и политичка. Оставката на директорот на истражниот затвор е само глума со која што треба да се сокријат вистинските виновници и вистинските нарачатели, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Неприфатливо е скандалозното малтретирање да се затвори со дисциплинска одговорност за неколку чувари. Се споменуваат пропусти и дисциплински прекршоци и неуредност, но не и одговорност. Нема збор, нема ништо од одговорност, нема ништо од вистинска истрага, за нарачателите и извршителите, нема одговорност за случајот обид за линч во притвор врз опозицискки членови, поранешни државни функционери. Ова е обид да се забошоти случајот“, рече тој.

Стоилковски прашува кој го нарача линчот и кој даде наредба после нападот врз Ристовски, во дворот на затворот да биде изнесен и нападнат и Јанакиески и зошто нема снимки од нападот?

Треба да знаете
Последни објави