Државна награда за човекови права „Мето Јовановски”

На  Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември оваа година првпат треба да биде доделена државна награда за човекови права „Мето Јовановски”.

За да се обезбедат средства за  новата државна награда, Владата на 123-тата седница го разгледа текстoт на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди.

Новата државна награда е именувана по Мето Јовановски (1928-2016), писател и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права и еден од основачите на невладината „Транспарентност – нулта корупција”. 

Треба да знаете
Последни објави