Во Шуто Оризари ќе биде отворено полициско одделение

Советот на Општина Шуто Оризари донесе одлука за отворање на полициско одделение и одлука за отстапување на објект во сопственост на општина Шуто Оризари заради отворање на полициско одделение на МВР.

„Советот на општина Шуто Оризари поради зголемениот број на нарушувања на јавниот ред и мир, зголемената фреквенција на посетители на пазарот, како и поради сообраќајниот метеж на главната улица во Шуто Оризари утврди потреба за отворање на полициско одделение“, соопштија од Општината.

Работата на полициското одделение ќе биде во согласност со надлежностите на Министерството за внатрешни работи, а во насока на превентивно делување- спречување на кривични дела, зголемување на заштитата на безбедноста на граѓаните и ефикасно разоткривање на сторителите на кривични дела.

Полициското одделение ќе се наоѓа на улица Нов Живот бб.

Треба да знаете
Последни објави