Џафери го известил судот дека нема услови за одземање на имунитетот на Вељаноски
Во Кривичниот суд денеска стигнало известување од Собранието дека нема услови за одземање на имунитетот на поранешниот претседател на Парламентот и сегашен пратеник Трајко Вељаноски. Судот бил известен дека нема одлука по барањето за определување на пртивот за пратеникот Љупчо Димовски, и покрај тоа што минаа неколку недели од прекинатата седница.
Вељаноски е осомничен во новата истрага за „крвавиот четврток“, но не се определени мерки, бидејќи во моментов го штити пратеничкиот имунитет.
Собранието пред неколку дена требаше да гласа за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, но претседателот Џафери ја прекина седницата, а тоа предизвика многу жестоки реакции и напади кон ДУИ и Талат Џафери.