Претседателот на Нигерија, Мухамаду Бухари (76) повторно е избран за претседател и освои нов четиригодишен мандат.
На претседателските избори тој го победи поранешниот потпретседател Атикуа Абубакар.
Изборната комисија рано утрово соопшти дека Бухари освоил 15,1 милион гласови или 55 отсто, а Абубакар 11,2 милиони или 41 отсто.
Одѕивот на гласачите изнесувал 35,6 отсто.