Српската опозициска Демократска партија (ДС) на Зоран Лутовац и неколку партии формирани од поранешни демократи водат преговори за обединување во една политичка партија, тврди во денешното издание белградскиот весник „Блиц”.
Според весникот, во преговорите за обединување со ДС засега се вклучени Социјалдемократската пастија (СДС) на поранешниот српски претседател Борис Тадиќ, Новата партија (НОВА) на некогашниот премиер Зоран Живковиќ и Заедно за Србија (ЗЗС) на министерот во неколку Влади на демократите, Душан Петровиќ.
„Блиц” наведува дека засега не се утврдени деталите околу организацијата на „обединетата партија”, раководстваото и нејзината политичка платформа, но сигурно е дека глазна заложба ќе биде европската интеграција на Србија.
Ваквите наводи во изјава за весникот „Политика” ги потврди Тадиќ, кој потсетува дека слични обиди имало и пред парламентраните избори во 2016 и пред ланските избори за членови на Градското собрание на Белград.
Тој наласи дека и претходно повикувал сите поранешни лидери на ДС „да се обединат околу партијата на која некогаш беа членови и да формираат нова голема Демократска партија”.
Според Тадиќ, борбата против владејачката Српска напредна партија (СНС) на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја наметнува потребата за интегрирање на проевропската опозиција и формирање силна и единстевна партиска инфратстуктура.
Демократската партија, која доминира на српската политичка сцена од демократски промени во 1990 година, изминативе децении доживеа серија расколи и поделби.
Првиот претседател ДС, Драгољуб Миќуновиќ ја напушти партијата во 1996 несогласувајќи се со тогашниот партиски лидер Зоран Ѓинѓиќ и го формираше Демократскиот центар (ДЦ). По атентатот на Ѓинѓиќ во 2003 година, ДЦ на Миќуновиќ во 2004 година се врати во редоите на ДС.
Наследникот на Ѓинѓиќ на лидерската позиција, Борис Тадиќ, ја напушти ДС во 2014 година и ја формираше Социјалдемократската партија (СДС). Од тројцата останти челнови на колективното раководство на ДС по атентатот на Ѓинѓиќ, покрај Тадиќ, единствено Гордана Чомиќ е се уште членка на партијата. Зоран Живковиќ, кој беше премиер по Ѓинѓиќ, ја напушти ДС во 2007 година и по неколкугодишно отсуство од јавниот живот, се врати во политиката во 2013 година, формирајќи ја Новата партија (НОВА). Четвртиот член на колкетивното раководство, Чедомир Јовановиќ, ја напушти ДС во 2005 година и ја формираше Либерално демократската партија (ЛДП).
Наследникот, пак, на Тадиќ на претседателската позиција во ДС, ја напушти партијата во 2016 година и од лани е еден од лидерите на опозицискиот блок Сојуз за Србија (СзС), но како непартиска личност.
Инаку, меѓу остатантите партии формирани од поранешни членови на ДС се и Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ, Демократската партија на Србија (ДСС), чиј осонвач беше поранешниот претседател на СР Југославија и српски премиер Воислав Коштуница, Левицата на Србија (ЛС) на Борислав Срефановиќ, Српскиот патриотски сојуз на Александар Шапиќ, некогашната партија Г17 плус на Мирољуб Лабус и Демохристијанската партија на Србија (ДХСС). Дел истакнати членови на ДС преминаа и во други партии, вклучително и во сега владејачката СНС