Во рамките на ЕУ програмата „Европа за граѓаните 2014-2020“, Општина Битола е дел од проектот „Европа на врата“, кој го спроведува локалната самоуправа Вила Боа до Бишпо од Португалија, заедно со партнерските организации, општини и институции од Бугарија, Полска, Латвија, Србија, Грција, Македонија, Италија, Хрватска, Шпанија и Романија.
Главна цел на проектот е да воспостави соработка, размена и искуство, со цел да се зголемат капацитетите на вклучените општини на државите кои се веќе членки во ЕУ и градови од земји кои претендираат да бидат членки, со цел да се добијат заеднички проекти на искористување на фондовите на ЕУ. Преку проектот со низа активности треба да се прикажат бенефитите од заедничката перспектива за сите граѓани во споменатите земји. Главната целна група се младите луѓе кои покажуваат најмногу евроскептицизам, кои се под најголем ризик од популизам и радикализација, како и други граѓани, бидејќи забележано е дека негативниот став кон ЕУ се зголемува во одреден број европски земји.
Од проектот ќе произлезе и онлајн платформа за зголемена европска свест од различни засегнати страни во Европа, зголемување на капацитетите на вклучените заедници, развивање соработка и предложени политики. Исто така, ќе бидат вклучени и алатки, методи, добри практики, видеа, фотографии, информации, документи, декларации и други релевантни содржини.