Првиот голман на Челси, Кепа Аризабалага се најде во центарот на вниманието по несекојдневниот потег на средбата со Манчестер Сити.
Најскапиот голман на сите времиња одби да излезе од игра во финишот на натпреварот пред да бидат изведувани пеналите.
Сари одлучи во игра да го внесе искусниот Вили Кабаљеро за пенал рулетот, но Кепа одби да излезе, и на крај тоа се покажа како погрешна одлука затоа што Челси го загуби трофејот во Лига Купот.
Бесен по крајот на натпреварот Кабаљеро имал што да му каже на младиот голман во соблекувалните, на што тој дрско му одговорил дека е подобар голман од него и затоа останал на теренот.
Тоа уште повеќе ја зоврело атмосферата, па морало да интервенираат и соиграчите за да спречат поголем инцидент.
Дали Сари ќе му прости и ќе го остави Кепа на голот за вечерашниот натпревар против Тотенхем останува да видиме.