Вчера во ПС Кавадарци 29-годишна девојка од Кавадарци пријавила дека била силувана од познаник. Според изјавата, во неделата околу 22.30 часот И.А.(28) од Кавадарци дошол во нејзината соба и ја силувал.
Според пријавеното, тие прво почнале да се бакнуваат, по што таа му рекла да застане, но тој ја извршил обљубата.
Полицијата го пронашла И.А. и со него бил извршен разговор во полициска станица. По наредба на јавен обвинител девојката ќе биде спроведена до институтот за судска медицина во Скопје за преглед и вештачење .
Се работи на расчистување на случајот.