Во Холандија уапсен маж кој подготвувал терористички напад

Во Холандија е уапсен 48-годишен маж поради сомневање дека планирал да изведе терористички напад. Во неговиот дом во северниот дел на земјата биле пронајдени пиштол и муниција, соопшти обвинителството.

Истражен судија за осомничениот наложил притвор од 90 дена, а истрагата продолжува.

Идентитетот на уапсениот маж не е објавен.

Тој се сомничи откако разузнавачката агенција ги извести властите дека мажот е припадник на Исламска држава и поседува оружје.

Полицијата пиштолот го пронашла во детски ранец за време на претресот во домот на уапсениот, јави „АП“.

Треба да знаете
Последни објави