СВР Скопје: Фатени 15 возачи без возачка дозвола

Во изминатото деноноќие се случиле вкупно пет сообраќајни несреќи од кои една сообраќaјка со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајката три лица биле полесно повредени.

Полицијата констатирала дека 48 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај биле исклучени 18 возачи од кои двајца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол, 15 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.

Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач поради непоседување пропишана зимска опрема, 10 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 26 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 105 мандатни платни налози и 83 возила се подигнати со специјално возило пајак.

 

Треба да знаете
Последни објави