Адеми му се заблагодари на рускиот амбасадор за поддршката во културата

Министерот за култура, Асаф Адеми, оствари работна средба со рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин.

Како што информираат од надлежното министерство, на средбата соговорниците се согласиле дека двете држави имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата.

Адеми се заблагодарил за поддршката за културата што ја дава руската амбасада и изразил уверување дека македонско-руското партнерство и понатаму ќе продолжи да се развива и да се унапредува.

Соговорниците констатирале дека освен на билатерален план, постои одлична соработка и на мултилатерален план, во рамките на УНЕСКО, како и во рамките на Меѓународната фондација „Форум на словенски култури“, каде се реализираат многу заеднички проекти и активности со кои се зачувуваат културните традиции на словенските народи и истите се промовираат како трајни и универзални вредности во глобални рамки.

Треба да знаете
Последни објави