Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени, информира УХМР.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Температурата ќе достигне 18 степени.
Утре претпладне ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура во деновите од викендот ќе биде за 4 до 5 степени пониска во однос на денешната. Од понеделник и понатаму ќе биде стабилно со мала до умерена облачност и со повторен пораст на дневната температура.