Северна Кореја негира дека побарала од САД целосно укинување на санкциите

Северна кореја ги негира тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Пјонгјанг побарал целосно укинување на санкциите, поради што пропаднал самитот во Ханој, истакна севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ри Џонг-хо, по состанокот меѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Тој рекол дека побарале само делумно намалување на санкциите во замена за оневозможување на својот главен нуклеарен комплекс. САД цврсто стои на ставот дека тоа не било случај на самитот во Виетнам.

По пропаѓањето на состанокот, Трамп изјави дека Ким понудил уништување на целиот комплекс Џонгбјон, истражувачки и производствен капацитет во срцето на нуклеарната програма на Северна Кореја, што претставува значаен предлог. Но, како што нагласи американскиот претседател, Ким побарал за возврат укинување на сите санкции, на што САД не се подготвени.

Според севернокорејскиот министер, неговата земја понудила реални предлози, вклучително и уништување на целосниот комплекс Џонгбјон, под надзор на експерти на САД.

„Ова беше предлог за најголемата мерка за денуклеаризација која би можеле да ја преземеме во овој момент на доверба која ја имаме со САД“ рекол Ри.

Треба да знаете
Последни објави