Нема повредени во синоќешното пукање од два автомобили од кои патниците разменувале огин едни кон други, информира МВР.
„Траги од крв не биле пронајдени, а нема ниту пријава за повредени лица“, информираат денес од МВР.
Според полицијата, вчера околу 18.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Партизански Одреди, во близина на Лептокарија, имало пукање од лица кои биле со две возила. Полицијата го расчистува случајот.