Интер веќе бара заменик на Икарди

Раководството на Интер веќе бара заменик на аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди, кој најверојатно ќе биде продаден во летниот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.

 

Скандалите во последните денови поврзани со Икарди веројатно не влијаат позитивно на атмосферата во соблекувалната и шефовите на клубот одлучија да најдат заменик на Аргентинецот, пред да се стигне до негова продажба.

За Икарди има многу сериозен интерес од Реал Мадрид, Челзи, Јувентус и Наполи.

Во Италија се на мислење дека „нероазурите“ ќе се свртат кон Един Џеко од Рома за да ги решат проблемите во офанзивен план.

Џузепе Марота смета дека Џеко е добра опција за тимот, а шефот е убеден дека ќе успее да се договори и со колегите од Рома.

Потсетуваме дека Интер веќе зеде една од најголемите ѕвезди на „волците“, откако во изминатото лето го купи Раџа Наинголан.

Друга опција за нападот на Интер е Единсон Кавани од Париз Сен Жермен.

Треба да знаете
Последни објави