(Видео) Драматично фаќање на индискиот пилот: Селаните го удираат, а тој пука во самоодбрана

Се појавија драматични нови детаљи за фаќањето на индискиот воен пилот Абхинандан Вартаман од страна на пакистанските сили. Мештаните на пакистанското село Хоран, кои први го пронашле, фрлале камења на него, по што тој испукал неколку куршуми како предупредување, рекле очевидци за Би-би-си.

Индискиот авион Миг-21Бисон, беше соборен во воздушен судир меѓу индиски и пакистански авиони, до што дошло откако пакистанските авиони извеле воздушен удар на индискиот дел на Кашмир. Тоа било одговор на индискиот воздушен удар на пакистанскиот дел на Кашмир, наводно на терористички камп, што повторно била одмазда за нападот на пакистанскиот бомбаш самоубиец во кој биле убиени 40 индиски полицајци.

На снимката што се појавила на социјалните мрежи, се гледа како толпа народ го опкружува пилотот и го удираат, додека тој со пушка во рака не успева или не сака да се заштити.

Уривањето на индискиот воен авион од страна на Пакистан, Индија го доживува како голе пораз, пренесе Би-би-си.

https://youtu.be/1CnhaHA1V1A

Треба да знаете
Последни објави