Помпео: САД ќе ги бранат Филипини во Јужно Кинеско Море

Американскиот државен секретар Мајк Помпео им вети денеска на Филипините дека САД ќе ги бранат доколку се најдат на мета на напади во Јужното Кинеско Море.

Обраќајќи се во Манила, Помпео наведе дека Договорот за взаемна одбрана на Филипини и САД од 1951 година, ќе биде почитуван доколку САД бидат жртва на агресија.

Во исто време, Кина ја означи како „закана за стабилноста”.

– Изградба на острови и воените активности на Кина во Јужното Кинеско Море се закана по вашиот суверенитет, безбедноста и со самото тоа по економската егзистенција, како и онаа во САД, рече Помпео.

Тој додаде дека каков било напад врз филипинските сили, авиони или бродови во Јужното Кинеско Море резултира со „обврска на взаемна одбрана”.

Говорејќи за самитот на лидерите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун во Ханој, Помпео истакна дека Севена Кореја во текот на самитот во Ханој барала целосно да се укинат санкциите, но не објаснила што е подготвена да понуди за демонтажа на нуклеарната постројка Јонгбјон.

Вториот самит помеѓу Трамп и Ким вчера беше прекинат без да биде постигнат договор. 

Треба да знаете
Последни објави