Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека неговиот разговор со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Ханој бил „суштински”.
– Ние знаеме што тие сакаат и тие знаат што ние мора да имаме, истакна Трамп.
Преговорите меѓу Трамп и Ким вчера беа прекинати без постигнат договор и план за одржување на трета средба меѓу двајцата лидери или нивните делегации.
Трамп објасни дека тоа се случило откако Северна Кореја побарала целосно укинување на санкциите во замена за затворање на нуклеарниот комплекс Јонгбон.