Се претставиле како просјаци и го ограбиле

ОЈО Гостивар почна постапка против двајва скопјани осомничени за тешка кражба. Осомничените ограбиле гостиварец откако му се претставиле како просјаци и му побарале пари.

„Осомничените на 26 февруари 2019 година, на улица во Гостивар пресретнале лице што кај себе во тој момент имало 1.200 евра и 6.500 денари. Притоа му пристапиле како просјаци и од него побарале пари. Оштетениот извадил пари за да им даде по што тие на дрзок начин му ги одзеле сите пари што тој ги имал кај себе и побегнале. Подоцна биле откриени и фатени, а парите му се вратени на оштетениот“, соопшти Обвинителството.

Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица.

Треба да знаете
Последни објави