Според Службата за управување со вонредни состојби на европската агенцијата „Коперник“, од почетокот на 2019 година до денес во Европа избувнале 480 шумски пожари. Споредено со просечниот број пожари во периодот 2008-2018 година, оваа бројка соодветствува на бројот на пожари кои вообичаено се забележуваат во средината на август.
Франција е најтешко погодената земја, со 180 пожари, значително повеќе од просечниот број на пожари.
Шпанија, исто така, го надмина својот типичен годишен максимален број шумски пожари, но зафатената површина е нешто помалку загрижувачка. Во Португалија бројот на шумски пожари се движи околу просекот за ова време од годината.
Обединетото Кралство го достигна својот вообичаен годишен максимум од 15 пожари, додека, пак, во Ирска, каде во просек избувнуваат 9 пожари годишно, веќе се регистрирани 5.
Во Источна Европа, Хрватска, каде што годишниот просек е 24, досега имала 22 пожари. Романија, исто така, забележува рекордно висок број на пожари.
Од друга страна, пак, Бугарија досега нема регистрирано ниту еден шумски пожари, иако обично има околу 17 години во ова време од годината. Во Унгарија, исто така, не е регистриран ниту еден пожар, иако температурите се рекордно високи за овој период.