Шпанија планира да одобри престој за 400 илјади Британци во случај на „тврд” Брегзит, објави денеска весникот „Ел паис”. Планот предвидува дека таа мерка би важела доколку се применуваат исти одредби на Шпанците кои живеат и работат во Велика Британија.
Планот веднаш ќе биде испратен до Парламентот, кој наскоро ќе биде распуштен поради предвремените избори.
Шпанската Влада минатиот месец одлучи да вработи уште 1.375 нови јавни службеници кои ќе се занимаваат со последиците од Брегзит, посебно во областите од гранична и царинска контрола.