Неговата порака до поранешната сопруга стана хит на Интернет, а еве и зошто
Кога некои се разведуваат тоа не значи дека треба да исчезене почитувањето и дека треба да се мразат. Доколку уште имате и дете, треба да внимавате на тоа каков однос имате. Овде станува збор за една многу необична ситуација.
Необична бидејќи не секој би го направил ова. Имено, Били Флун Гадбоис од Бостон на социјалните мрежи објави пост за својата поранешна сопруга.
Еве што напишал:
– Денеска на мојата поранешна сопруга и е роденден. Станав рано за да и купам цвеќе и подарок за неа, но и за децата.
Тоа е необично, зар не? Кој уште води сметка за роденденот на поранешната сопруга? Како и да е, тоа е навистина убав гест.
Кога го прашале зошто тоа го прави, тој рекол дека сака на своите синови да им биде пример како треба да се почитува жена.
Дури иако повеќе не се заедно, тој продолжува да ја почитува и да и подарува уште внимание. Некои мажи тоа не го прават ни кога се во брак.