Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја повикал Кина да ги укине сите царински давачки за американските земјоделски производи, бидејќи разговорите за трговија напредуваат добро.
-Ја повикав Кина веднаш да ги укине сите тарифи за нашите земјоделски производи (вклучувајќи говедско месо, свинско месо и друго) врз основа на фактот дека добро одиме со трговските разговори, рече Трамп на Твитер.
Тој додаде дека во петокот не ги подигнал царините за кинеска стока од 10 на 25 отсто, како што првично планирал, бидејќи преговорите се одвиваат добро.
-Ова е многу важно за нашите големи земјоделци – и за мене, додаде Трамп.