Давид Виља го реализира првиот погодок откако заигра во Јапонија, откако го донесе успехот на Висел Кобе над Саган Тосу со Фернандо Торес – 1:0.
Поранешниот напаѓач на Барселона и Шпанија, кој се приклучи од американскиот Њујорк Сити пред почетокот на сезоната во Јапонија, ја искористи грешката во одбраната на Тосу за да го постигна единствениот гол на средбата.
Кобе, во чиј состав се забележуваат имињата и на светските шампиони Андерс Иниеста и Лукас Подолски, ја започна новата сезона како фаворит за титулата, но го загуби својот деби натпревар минатата недела.
Саган Тосу, кој едвај се спаси од испаѓање од Џеј лигата минатата сезона, допушти пораз со 0:4 во првиот дуел. Единствените две екипи кои ја започнаа новата сезона со две победи, се Нагоја Грампус и Јокохама Маринос,