Шпанското издание „Марка” објави информации дека Реал Мадрид ќе се обиде да ги победи Јувентус и Наполи за потписот на Мауро Икарди.
Светскиот клубски шампион очекува да го привлече напаѓачот за сума од 40 милиони евра. „Марка” додава дека клаузулата за откуп на Икарди во висина од 110 милиони евра веќе не е актуелна, а цената на Аргентинецот значително опаднала по скандалот со одземањето на капитенската лента.
Икарди не играл за Интер неколку недели, а официјална причина за неговото отсуство е повреда на коленото.