Заврши чистењето на Солзбери од новичокот со кој беше отруен Скрипаљ

Британските власти соопштија дека денеска завршиле со чистењето на градот Солзбери, каде поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ беше отруен со нервен гас.

Куќата на Скрипаљ и 11 други потенцијално изложени локации се прогласени за исчистени од воениот отров „новичок“ една година по нападот на Сркипаљ.

Властите земале 5.000 примероци од повеќе места во Солзбери и Амсбури, каде 44-годишната Дон Старџес почина по труење со истиот гас. Таа дошла во контакт со нервниот агенс откако нејзиниот партнер ѝ дал како подарок козметичко шише кое го пронашол на улица.

Останатите локации на кои било спроведено чистењето, ја вклучуваат клупата и паркот во кој беа пронајдени Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија, ресторанот во кој вечерале, како и куќата на детективот Ник Бејли, кој исто така беше изложен на гасот.

Треба да знаете
Последни објави