Феникс ги победи Лејкерси по година и пол

Тимот на Феникс Санс ги надигра дома Л.А. Лејкерс со 118:109 и дојде до првата победа над „езерџиите” од ноември 2017 година, и го направи најголемото изненадување изминатава ноќ бидејќи во моментов се најслабиот тим во Западната конференција.

Најефикасен играч во мечот беше Леброн Џејмс со 27 поени, 16 асистенции и девет скокови, но тоа не му помогна на неговиот тим да го избегне поразот. Брендон Инграм постигна 25, а Џавејл Мекги додаде 21 поен. Деандре Итон со 26 поени и десет скокови и Девин Букер со 25 поени беа најефикасни во победничкиот тим.

За одбележување е и победата во дербито во Филаделфија каде шампионот Голден Стејт славеше против домаќинот со 117:120. Филаделфија настапи значително ослабена, со само седумина играи во ростерот, но гостите сепк се намачија да извојуваат победа. Најефикасен кај победникот беше Кевин Дурент со 34 поени, а на спротивната страна Бен Симонс постигна 25 коша, но додаде 15 скока и 11 асистенции.

Резултати од oстанатите натпревари:

Кливленд – Детроит 93:129
Индијана – Орландо 112:117
Мајами – Бруклин 117:88
Далас – Мемфис 81:111
Сан Антонио – Оклахома Сити 116:102
Денвер – Њу Орлеанс 112:120
Феникс – Лос Анџелес Лејкерс 118:109
Јута – Милвоки 115:111

Треба да знаете
Последни објави