Тројца повредени во сообраќајка кај Пробиштип

Тројца се повредени во судир на два автомобила, вчера кај Пробиштип, информираше МВР.

-На 02.03.2018  во 17.10 часот на патот Пробиштип- с.Ратавици се случила сообраќајна незгода помеѓу  автомобил „фолксваген пасат“ управувано од Г.И. (32) од Кратово и автомобил „шевролет спарк“ што го управувала М. А. (46) од Пробиштип, велат од МВР:

Во судирот тешко се повредени сопатникот во „пасатот“,  В. Ј., кој бил пренесен во ЈЗУ-Кратово, М.А., која била пренесена во Клиничка болница Штип, како и нејзиниот сопатник, Б.А., кој бил пренесен во Клинички центар Скопје.

По овластување на Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Пробиштип.

Треба да знаете
Последни објави