Градежник повреден при градба на хотел во Лагадин

На 02.03.2019 година околу 16.50 часот во Полициската станица во Охрид, од болницата „Св.Еразмо“ било пријавено дека кај нив бил донесен П. М. (56) од Охрид, кој имал тешки телесни повреди.

Работникот повредите ги добил при пад од висина при градежни активности во хотел  во населбата Лагадин-Охрид. Поради сериозноста на повредите, П.М  бил пренесен во Клинички центар -Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а известен е и јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави