Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одржа говор на Конференцијата на конзервативното политичко движење, што е петти негов говор на оваа конференција, а трет откако е претседател на САД.
Освен говорот во кој ги критикуваше демократите, истражителот Роберт Милер, кој ја води истрагата за врската со Русија и Зелениот план за борба против климатските промени, говорот е запаметен по тоа што Трамп го прегрна знамето на САД.
Кога излегуваше на говорницата, на која зборуваше речиси два часа, Трамп го пргрна знамето додека во позадина течеше песната „Бог ја благослови Америка“.
President Donald Trump joins @mschlapp on the @CPAC stage, hugs the American flag as "God Bless the USA" plays over the speakers. pic.twitter.com/h7ZsFMR5Q2
— Amber Athey (@amber_athey) March 2, 2019
Насобраните луѓе со воодушевување му ракоплескаа. Си-ен-ен јави дека корисниците на социјалните мрежи го критикувале Трамп, додека пак неговите приврзаници го бранеле.
Трамп потоа застана на говорницата и рече дека не настапува по протокол и сценарио, но нагласи дека токму поради таквите постапки бил избран за претседател.
„Ако постапуваме според правила, нашата земја ќе биде во голема неволја. Мораме да ја вратиме“ рекол Трамп.
Обвини некои од своите политички противници поврзани со истрагата, која ја води посебниот истражител Роберт Милер за врската со Русија, дека имаат можеби и најлоша репутација од кого било што го запознал досега.
Милер наскоро треба да го предаде својот извештај за истрагата која ја спроведе. Тој ја истражува поврзаноста на кампањата на Трамп со Русите.



