На 18-тата годишна Конференцијата на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа денеска во Македонската опера и балет се обрати претседателката Благица Ласовска, која упати посебен поздрав до како што рече „моите лавици, членките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, горди и храбри жени“.
Ласовска посочи дека со над 50.000 членки и со 75 општински комитети на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ може да се каже дека сите овие години граделе нови политики и платформи, промовирале нови стратегии за женската политика и за родовата еднаквост.
Таа рече дека живееме во тотално поделено општество, непомирено општество, едните мислат дека се качиле на врвот на планината и гледаат како да ги уништат другите, притоа заборавајќи дека тој другиот е нечии негов далечен роднина или пријател. Оттука ги повика жените во Република Македонија на едно масовно женско обединување.
Се осврна и на прашањето за името укажувајќи дека Македонија денеска е тема на влијателни медиуми кои прашуваат дали името Северна Македонија воопшто има национален идентитет.



