Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гваидо, ги повика граѓаните утре масовно да излезат на протести ширум земјата. Утре се очекува тој да ја заврши посетата на Еквадор и да се врати во Венецуела.
Гваидо, претседател на парламентот кој на 23 јануари се прогласи за привремен претседател на државата, на „Твитер“ напиша дека Венецуелците треба да ги следат неговите објави во кои ќе ги наведе деталите за местото за средба со приврзаниците.
Гваидо беше во посета на Еквадор во рамки на турнејата по латиноамериканските земји чија цел е да го зголеми притисокот врз претседтелот на Венецуела, Николас Мадуро, да поднесе оставка. Тој наведува дека Мадуро мора да си замине од власт за да може Венецуела да се врати на вистинскиот пат после политичката и хуманитарната криза.
Од друга страна, Мадуро тврди дека Гваидо е дел од заговор зад кој стојат САД.



